Битиќи: Словенија ќе и помогне на нашата земја во спроведувањето на реформите во земјата во насока на евроинтеграциите

334 прегледи

Словенија е одличен пример за некој кој применува стратегија на долгорочно планирање, како и спроведува политики за рамномерен регионален развој, а бројна е колку една С.Македонија.

Имено, вицепремиерот за економски прашања на нашата земја, Фатмир Битиќи порача дека очекува зголемена трговска размена и тоа во пост ковид периодот, кој денес се сретна со Милан Предан, инаку амбасадор на Словенија во земјава.

Покрај тоа, тие разговарале и за мерките за справување со економската криза предизвикана од коронавирусот, економската соработка помеѓу двете земји и европските интеграции на нашата земја.

Двете земји, беа согласни Битиќи и Предан, се залагаат за имплементација на мерките за зачувување на здравјето на граѓаните и за справување со економските последици. Меѓудругото велат и дека очекуваат зголемување на трговската размена помеѓу двете земји и побрзи стапки на економски раст во пост ковид периодот.

Битиќи посочи дека Владата почна да креира стратегија, која за цел ќе има обезбедување на инклузивен, одржлив и побрз економски развој, како и рамномерна распределба на средствата, за повисок животен стандард и подобри услови за живот на сите граѓани во земјата.

Слобенечкиот амбасадорот Предан пак, нагласи дека С. Македонија може да очекува поддршка од Словенија во спроведувањето на реформите во земјата во насока на евроинтеграциите, како и споделување на искуства за проекти со кои земјата би аплицирала во инвестицискиот фонд за Западен Балкан на ЕУ, во вредност од околу 9 милијарди евра.

Слични содржини