205
Со закон за задолжително осигурување создаваме фер и праведен третман за сите земјоделци со што се решева и еден голем децениски проблем за земјоделците кои поради природни непогоди ќе изгубат дел од своите насади, напиша на својот Фејбук профил вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Државата досега издвојуваше 5 милиони евра за исплата на штети, што покрива само околу 10% од вкупните штети на земјоделците, затоа денеска се сретнавме со сите осигурителни компании со чии предлози за подобрување на задолжителното осигурување и со поддршка на државата, осигурано ќе биде целокупното земјоделско производство. Ова е долгорочно решение за заштита на македоскиот земјоделски производ и нашите земјоделци, информира Битиќи.