Битиќи: Во одреден период требаше да има порестриктивни мерки

од Берта Китинска
204 прегледи

Одлуката  за новата мерка беше донесена по препорака на Комисијата на заразни болести, рече вицепремиерот  Фатмир Битиќи, во однос на новата владина мерка со која се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50 % од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19.

-Одлуката беше донесена единствено по препорака на Комисијата на заразни болести, искрено не можам да кажам која е епидемиолошката причина по која се дозволи.Сметам дека  во одреден период требаше да има порестриктивни мерки, сега влегуваме во еден пик кој според Комисијата на заразни болести  не би требало да оди нагоре туку да се спушта, објасни Битиќи.

Слични содржини