211
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе отпатува во Цирих, Швајцарска Конфередерација, каде ќе оствари тридневна службена посета.
За време на работната посета на Швајцарија, вицепремиерот ќе оствари средби со претставници од политичкиот и економскиот живот во земјата, при што ќе бидат презентирани можностите и предностите за инвестирање во Република Северна Македонија пред швајцарски компании и ќе бидат разменети искуства во однос на развојот на старт-ап еко-системот.