Во однос на наглото зголемување на цените по завршувањето на мораториумот наложен од Владата за оснвните прехранбени производи, во Утрински брифинг вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, посочи дека по неговата изјава во јавноста дека се случува неоправдано, вештачко зголемување на цените и откако инспекциите беа пуштени на терен, цените се вратија или стагнираат, па се чини дека помага покажувањето со прст на одреден факт и неморално однесување.
-Во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер, а знаеме како завршуваат воени профитери. Јас не влијаам и не интервенирам на слободниот пазар, но апелирам на моралните вредности на стопанствениците кои треба да ја имаат предвид општата ситуација, вели Битиќи.