Битиќи за Коридорите 8 и 10: Ако работат 60 часа неделно, работниците ќе бидат дополнително платени

од Nikola Popovski
272 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денес изјави дека рече дека работниците кои „Бехтел и Енка“ ќе ги ангажира за изградба на автопатите од Коридорот 8 и оној помеѓу Прилеп и Битола, ќе бидат дополнително платени.

„Ја не би го гледал тој член како ускратување на одредени права, туку оперативна можност на фирмата да работи. Никаде во свет во граджништво не е дефинирано работно време.. ние имаме 40 саати“, изјави Битиќи.

Со предлог-законот за изградба на Коридорите 8 и 10, работниците ќе може да се ангажираат во просек до 60 часа недело во текот на годината.

„Нема да се дозволи нешто надвор од законските прописи кои постојат во нашата држава“, одговори Битиќи на новинарско прашање.

Законот е во собраниска процедура а очекувањата се да биде донесен до средина на месецов, за веднаш потоа да почнат преговорите со Бехтел и Енка. Зелено светло за законот дадоа и власта и опозицијата, против се огласи само Левица, додека антикорупционерите пак најавија дека доколку се изгласа ќе го успорат пред Уставниот суд.

Слични содржини