Битиќи: За три месеци ќе стигнеме до нето плата од 750 евра

од desk4
423 прегледи

Рекоа дека ќе ја направат просечната плата од 750 евра, но не кажаа дали тоа е бруто или нето, a ние  за три месеци ќе стигнеме до нето плата од 750 евра, нешто што и го најавивме, вели Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ.

„Буквално на 1.200 денари сме од разликата од 30.000 денари просечна плата“, рече Битиќи.

Вели дека се залагаат платите да бидат минимум 50 отсто над минималната плата.

„Замислете ВМРО користеа  ваши пари за да отворат работни места каде ќе земате плата од 9.000 денари, но сега се сменија условите, а ние бараме да биде минималната плата повеке од 22.500 денари, можеби не е доволно, но секако е повеќе“, рече тој.

Битиќи најави дека до крајот на годинава новите инвестиции ќе отворат 1.600 работни места.

Слични содржини