Будно ја следиме состојбата со електрична енергија и ценовните шокови и ако има потреба со финансиски средства ќе интервенирааме, порача денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Тој потенцира дека 65-те милиони евра што беа предвидени со одлуката за прогласување на енергетска криза не се наменети само за набавка на електрична енергија, туку, појасни, тие се поделени во три различни мерки.
– Мислам дека во јавноста се даде една погрешна информација, 65 милиони евра се поделени во три различни мерки. Една од мерките е набавката на јаглен, затоа што само набавката на дополнителните количини а јаглен ќе ни овозможи дополнително производство на електрична енергија, која е далеку поевтина од таа која што можеме да ја набавиме на берзата. Само за споредба, сегашната цена на производство на јаглен е за четири пати пониска од што можеме да ја набавиме на берзата и затоа ние се стремиме на набавка на јаглен, на отворање нови количини на јаглен од нашите извори иако се со слаб капацитет, рече Битиќи на новинарско прашање на отворањето на Центарот за поддршка на социјални претпријатија и на првиот Национален саем за социјални претпријатија во Скопје.