571
На денешниот состанок имаше напредок на одредени работи, еден од заедничките заклучоци е дека постоечкиот модел на усогласување на минималан плата е неприфатлива за ниедна страна, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Тој уште еднаш кажа дека стопанствениците и работниците мора да го најдат дијалогот на маса.
-Решението мора да биде консензус меѓу трите страни.Мораме да продолжиме да дискутираме. Работницте треба да добијат тоа што на нив ќе им гарантира дека ќе добиваат плата не само оваа година туку и во наредните.Зголемена минимална плата ќе има. Дали ќе биде 18 илјади или поголема од 18 илјади ќе се дефинира на економскиот свет, вели Битиќи.