Битиќи: Зголемување на пензиите ќе има

од Берта Китинска
648 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа кажа дека се размислува за промена на моделот за раст на пензиите. Сегашниот модел не обезбедува достоинствен раст на пензиите.

– Решение може само низ конструктивен дијалог. Изјавите од типот 20 посто, 30, 40 посто на ВМРО се паушални.Кај минималната плата осигуруваме дека и наредните години ќе растат и кај пензиите истотака ќе има раст, смета Битиќи.

Тој вели дека оваа недела ќе започнат разговорите за зголемувањето на пензиите.

-Во делот кој разговараме е моделот со кој пензискиот фонд да се одржи стабилен и одржлив за да може од него да се добиваат пензии и наредните пензионери. Не сум научен да играм со проценти и со решение во кои не гледам доследна анализа. Предвидливоста ќе ја имаат до 2026. Сакаме решенија со кои ќе им овозможиме достоинствен живот. Сметам дека пензискиот фонд осигурува доволно стабилен приход за да се обезбеди пораст на пензиите, рече Битиќи.

Слични содржини