Битиќи: Благодарност до ЕК што вчера објави дека опозицијата не е конструктивна

од Nikola Popovski
183 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи смета дека нема ниту една земја во која што ќе видите дека во најголемите кризи, опозицијата да се однесува неконструтивно. Како што истакна, тогаш му се лутеле, а им се заблагодари на Европската комисија што вчера го истакнале истото во најновиот Извештај за напредокот на земјата.

-Затоа што е интересно кога странците го кажуваат тоа, може ќе се освестиме. Не треба да заборавиме дека кога ги носевме антикризните мерки и Законот за минимална плата, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше и велеше дека тоа е поткуп. Цело време нешто блокираат… Ако блокираш, лесно е после да победиш, бидејќи после тоа ќе убедуваш дека ти си бил разумен, рече Битиќи во утринската емисија на „Слободен печат“.

Во скрининг-процесот, Битиќи истакнува дека имало секојдневна работа и постојано се продуцирале извештаи кои биле презентирани.

-Таму кај што треба да видиме најголем бенефит, а сега со Европскиот план за раст на економиите на Западен Балкан и достапност од 6 милијарди евра пред да влеземе во ЕУ, од кои една милијарда за земјава, таму сме оценети релативно добро. Во 78% од Поглавјата од Вториот кластер сме оценети како умерено подготовени и веќе можеме да одиме кон следното ниво. Стартната позиција ни е добра и само треба да ги почнеме преговорите. После умерено подготвено е добро ниво на подготвеност, а тоа е веќе почеток, истакнува вицепремиерот.

Слични содржини