Битиќи деновиве ќе објави детали околу арбитражните постапки кои државата може да ја чинат над милијарда евра

од Nikola Popovski
448 прегледи

Во јавноста веќе треба јасно да се каже зошто се покренуваат арбитражни постапки и која е одговорноста на тие што дозволиле да се доведеме во ситуација да завршиме со толкави големи спорови пред арбитражните судови, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој за оваа недела најави средба со медиумите на која, како што истакна, детално ќе биде објаснето се околу наведеното во најновиот Извештај од Државниот завод за ревизија (ДЗР).

-Го чекавме Извештајот од Државниот завод за ревизија (ДЗР) и неделава ќе имаме брифинг со новинарите на кој детално ќе објасниме. По соодветна процедура на тело поставено во 2018 година, за жал, државата морала да постапи по арбитражни спорови за да не ги изгуби без никаква одбрана. Има различни компании кои се избрани, реномирани компании, има позитивни предмети во кои се веќе добиени арбитражни спорови и првите средства се легнати на сметка на Буџетот. На брифингот ќе информирам кои се следните чекори. Тоа што го пишува во Извештајот на ДЗР мислам дека во јавноста веќе треба јасно да се покренат информации зошто се покренуваат арбитражни постапки и која е одговорноста на тие што дозволиле да се доведеме во ситуација да завршиме со толкави големи спорови пред арбитражните судови во кои, секако, како држава сме ги потпишале, нагласи Битиќи, одговорајжи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Нехо Исни“- ДООЕЛ Скопје.

Во Извештајот што го објави ДЗР на 30 јуни годинава се наведува дека ако државава ги изгуби арбитражните постапки по склучените и ратификувани меѓународни договори, ќе треба да плати над една милијарда евра.

Слични содржини