Битиќи: Домашните компании поддржани со Законот за финансиска поддршка креираа над 5000 работни места

од Vladimir Zorba
231 прегледи

„Креирани се над 5000 изворни работни места од домашните компании. Овие компании ќе продолжат со инвестирање и наредните години“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на конференцијата „Година на европски можности“, говорејќи за државната помош за домашните компании согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Тој кажа дека 919 компании се поддржани од државата изминатите шест години со околу 100 милиони евра, а тие компании инвестирале речиси половина милијарда евра.

„Ова е структурна промена која ја правиме, вклучување на домашните компании во производството, како еден сектор кој треба да е носечки“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека до 2017 година домашните компании немаа никаква поддршка од државата и се фаворизираа само странските инвестиции.

Слични содржини