Битиќи: Државата не се меша во пазарот, туку само дефинира што е редовна, фер или нефер практика

Вицепрмиерот додаде дека законот е согласно новата директива на ЕУ, која ги става граѓаните во позиција да се заштитат од некоректното однесување на трговците.

од Бети Божиноска
214 прегледи

„Бев дел од бизнис заедницата и ја претставував и велам дека често има некоретно однесување во начинот на работење, на сметка на граѓаните“ рече вицепремиерот за економски прашања во неговото гостување на ТВ Шења.

Тој додаде дека сега од позиција на вицепремиер вели дека тоа не може повеќе да се толерира, особено кога е неправилно, неморално, неетичко во време на енергетска, економска и здравствена криза.

„Гледате дека само мала група на бизниси, не сите, прават луди покачувања на сметка на граѓаните. Имаме поплаки од граѓаните, па мислам дека воведувањето на Законот за нефер трговски практики дојде во вистински момент“ рече Битиќи.

Вицепрмиерот додаде дека законот е согласно новата директива на ЕУ, која ги става граѓаните во позиција да се заштитат од некоректното однесување на трговците.

„Нефер практика е се што е надвор од бизнис логиката, нефер практика е ако ти треба да платиш дополнителен трошок само затоа што вашиот производ е прв кога ќе влезете во супермаркет, на првата полица“ рече Битиќи.

Тој, зборувајќи како обичен граѓанин, а не вицепремиер, додаде дека невозможно е тоа што се случува и разликата на цените што се појавува.

„Немаше механизам освен ова што го направивме. Да се донесе Закон за нефер трговски практики, да се има правна држава“ посочува тој.

Вицепремиерот додаде дека државата не се меша во пазарот, туку само дефинира што е редовна, фер или нефер практика за да нема можности за разни манипулации кои на крајот ги плаќа крајниот потрошувач.

Слични содржини