Битиќи: Како Мицкоски закажа термин за пасош ако не работат телефоните?

од Nikola Popovski
310 прегледи

Општеството сака да живее во општество каде што има демократија и владеење на право, ама ако може да затвориме едно око, кога нас ни оди во полза. Лидерот на опозицијата (Христијан Мицкоски) вика дека не работат телефоните, затоа е виновен СДСМ, ама јас закажав термин (за патни исправи). Како закажа термин ако не работат телефоните? Значи има посебен список за нив и го прави министерот. Тоа е владеење на право?, праша вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи околу неодамнешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека успеал да закаже за фотографирање за пасош по брза постапка.

Според Битиќи, иднината на земјата е владеење на право и функционирање на институциите, а не паралелни системи.

Вицепремиерот истакна дека „не се јавил на новиот технички министер за внатрешни работи за да добие пасош со новото уставно име, ниту неговата сопруга, ниту неговите деца, а се сликани пред 32 дена“.

-Јас ќе чекам. Ако тој за вториот човек во Владата, не може да направи систем, за да и секој граѓанин го добие тоа што го заслужува, тогаш тој не е за таа позиција. И јас во 2020 година се сликав за пасош со старото име, во редовна постапка и го подигнав за десетина дена и исто така бев на шалтер, обелодени Битиќи во емисијата „Студио 10“.

Вицепремиерот го праша Панче Тошковски „како можеле да фатат 50 илјади фиктивни термини, веднаш по доаѓањето на функцијата?“

-Дали можеби тие термини не се токму ваша заслуга? Дали можеби е инструирано за да падне целиот систем?, кажа Битиќи, посочувајќи дека системот е паднат.

Слични содржини