Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за вториот круг на претседателските избори

од Nikola Popovski
199 прегледи

„За вториот круг на претседателските избори клучно ќе биде коалицискиот капацитет кои ќе го имаат партиите. Да не прејудицираме со волјата на граѓаните, изјави Фамир Битиќи, потпретседател на СДСМ и коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во неговото гостување на ТВ 24.

Според него, граѓаните ќе избираат на 8 мај и за тоа кој ќе има капацитет за коалицирање и прогрес.

Зборувајќи за претседателските избори, Битиќи истакна дека денешното гласање покажа дека граѓаните не се инструирани, инструментализирани од било која политичка партија и гласаат по сопствено убедување.

Слични содржини