Битиќи контра Славески: Пензискиот план на ДПМНЕ е туркање во бездна на 170.000 пензионери

од Nikola Popovski
286 прегледи

Супериорниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на сите пензии по 5.000 денари, за кој денеска пишуваше и претседателот на советот на Град Скопје и екс-министер за финансии, Трајко Славески, претставува закана да турне 170.000 пензионери во бездна, односно да останат без својата заслужена пензија за одредена година, смета вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Сите оние кои го поддржуваат овој предлог, додава Битиќи, се надевам дека го имаат предвид фактот дека станува збор за над 334.000 пензионери, што ќе предизвика нови обврски од 20,22 милијарди денари (330 милиони евра) годишно.

-Во суштина, ова ќе значи повторно враќање на времето кога повеќе од половина од парите за исплата на пензии се исплаќаа од централниот буџет. Ова е дел од поновата историја кога во 2016 имавме дефицит во фондот на ПИОМ од 49%, кој ние како Влада за седум години го сведовме на 32%, а сега на СУПЕРИОРЕН начин некој сака да го врати на 52%.

Оваа економска кратковидост на ДПМНЕ носи ризик да го поништи долгогодишниот напредок кој го направивме, влечејќи не кон фискални превирања за кои неуморно работевме да ги надминеме, објави вицепремиерот.

Славески денеска во објава за медиумите наведе дека нашата понова економска историја покажува дека за да бидат пензионерите релативно задоволни, просечната пензија треба да изнесува околу 60% од просечната плата.

-Проклетството што редовно го следи СДСМ во однос на пензиите се повтори уште еднаш за време на владеењето на ДУИ и СДСМ. Така, ако во 2016 година просечната пензија беше достигнала 64% од просечната плата, во 2024 година овој сооднос се сведе на само 54%. Оттаму, предлогот за линеарно зголемување на пензиите за по 5.000 денари во текот на оваа и наредната година, презентиран во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, е супериорен во однос на каква било понуда од страна на СДСМ, порача меѓу другото Славески.

Слични содржини