Битиќи најави постепено враќање на ДДВ-то за електрична енергија на 18 отсто

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи најави враќање на стапката на ДДВ за електричната енергија на 18%.

-Ние пред година и половина кога донесовме мерка за ублажување на состојбите со енергетската криза и намалување на ДДВ, тогаш најавивме дека постепено ќе се врати затоа што не сакаме да нанесеме поголема штета на приходната страна на Буџетот. Се прават последните анализи дали стапката ќе остане на 10% или ќе се врати на 18%, без притоа товарот да падне врз граѓаните. Тендерот го објавува ЕВН Хоум и вообичаено би било почеток на јуни. ЕСМ доаѓа со предлог за каква цена ќе понуди кон ЕВН Хоум, рече Битиќи во утринската емисија на Тв Телма.

Според него, во моментов не можеме да знаеме колкава ќе биде новата цена на струјата и дека таквата информација ќе се знае кон крајот на месец јуни.

Слични содржини