Погрешно е прочитана одлуката. Таа има два дела – продукти кои што спаѓаат во повластената даночна стапка од 5% и таму е дефинирано за разлика од претходното дефинирање во законот. Понатаму можам да ве насочам во одлуката која е од 66 страници. Има вкупно 358 продукти или царински тарифи со одредени продукти кои спаѓаат во новата стапка од 10%. Ако трговците и производителите, различно ја прочитале или не е доволно јасна, ние можеме истата да ја објасниме и на следната владина седница, да ги решиме, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи откако беше објавено дека повеќе производи повторно ќе поскапат.
Како што истакна Битиќи, може да има различно толкување на одлуката.
-Се согласувам дека млечен намаз со висока масленост од овчо млеко, треба да биде во несекојдневен основен продукт и да има стапка од 10%. Такви работи сметам дека треба да се сменат. Треба јасно да се каже за кои продукти се однесува, кажа вицепремиерот, одговарајќи на новинарски прашања.
Вицепремиерот немаше одговор зошто ајварот останува со 5 отсто, а лутеницата со 10 отсто.
-Во одредени земји, сладолед, чипс и мастики, спаѓаат во нездрави производи затоа што имаат повисока шеќерна вредност и тоа не е здраво за населението. Имаат трипати повисоки даночни стапки – ние тоа не го правиме, но не сметам дека е основен прехранбен производ. Цвеклото е здраво, така да ќе ја ревидираме одлуката, додаде Битиќи, тврдејќи дека нема зголемување на цените на 1000 производи.
-Категориите кои што се опфатени со услуги се 358. Има одредени реакција за одредени продукти. Штом ја добиеме листата, во вторник може да се ревидира одлуката. Реакцијата е за 10 до 15 продукти, истакна Битиќи.