264
Од моето искуство надвор од политиката, оперативен и финансиски лизинг е во цел свет најупотребуван механизам за службените возила, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи за набавката на Владата на 45 службени возила на лизинг.
Според него, има служби во Владата кои одлучуваат што е поефикасен начин. На прво место, вели дека се службите кои што треба да обезбедат безбедност на луѓето кои се возат во возилата.
-Трошоците за одржување се многу помали ако гледаме долгорочно. Ако отидете во било која земја од ЕУ, ќе видите дека над 90% од службените возила се преку одреден лизинг. Кај нас тоа се уште е страно, но мислам дека е пат на ефикасно трошење на ресурите, рече Битиќи одговарајќи на новинарско прашање.