Битиќи очекува следната година инфлацијата да биде меѓу 2 и 2,5 отсто исто колку и растот на БДП

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи најавува дека следната 2024 година е прилика за закрепнување од сите економски неприлики што се случиле во последните четири години.

Тој смета дека во наредната година се враќаме на нормалните години на стапките на инфлација.

-Последниот податок укажува дека тенденцијата и трендот на намалување на инфлацијата веќе не носи таму кај што сме биле. Очекуваме следната година да бидеме на нивото од 2 – 2,5 отсто на инфлација и толкав ист годишен раст на БДП. Независно што следната година имаме два вида избори, сметам дека треба умешно да ги искористиме месеците пред нас, за да не направиме негативно влијание на економијата и да го вратиме животот на граѓаните во реалните стапки на раст, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Кочани каде е заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Kaja Шукова и заменик министерката за здравство, Маја Манолева.

Слични содржини