Битиќи: Пред неколку дена ВМРО беа фатени со лажни анкети и ширење на лажни вести. Денеска ВМРО – МВРО го уапси Фуркан Салиу, новинарот кој ги разоткри

од Vladimir Zorba
756 прегледи

„Пред неколку дена ВМРО беа фатени со лажни анкети и ширење на лажни вести. Денеска ВМРО – МВРО го уапси Фуркан Салиу, новинарот кој ги разоткри. Што е следно? “, сподели на својот Фејсбук профил вицепремиерот Фатмир Битиќи.

„Да тепаат студенти во библиотека? Да влезат насилно во Собрание ако не им се допаднат изборните резултати? Да прислушуваат илјадници граѓани? Да направат војна? Нов Мартин Нешковски? Нов Кежаровски?

Режимот на ВМРО-МВРО денеска повторно го гледаме на дело!

Мораме да бидеме будни и одлучни во нашата решеност да се спротивставиме на секое враќање на тиранијата и угнетувањето на наследниците на
Груевски, кои сега се вдомени во Белата палата на најбогатата партија во Европа.

Во последната година од нивниот режим во 2016 година според Индексот на слобода на медиуми, Македонија беше рангирана на 118 место во светот.

Во 2023 година успеавме оваа слобода да ја подигнеме на 38 место во светот.

Има разлика“, сподели Битиќи.

Слични содржини