Битиќи: При крај се преговорите за 50 милиони евра од Француската развојна агенција

од Nikola Popovski
102 прегледи

Минатата година имавме 753 милиони евра странски директни инвестиции, што наназад во изминатите 11 години е највисоко ниво и тоа во кризна година, без да се случат големите планирани инвестиции во сегментот на енергетиката, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Телма телевизија.

-Следен податок што го следиме е агилноста на самата економија со инвестициски циклуси. 23 милиони евра исплативме субвенции кон домашни компании, кои имаа 150 милиони евра инвестициски циклус во производство. Повторувам, не е дека е зголемена трговијата, туку производството. Според овие податоци со внимателност треба да се следат финансиските институции, но огромна улога има Развојната банка. Само во оваа година имаме две кредитни линии кои за жал заглавија во Собранието кои ќе помогнат за ликвидноста. Дополнително, при крај сме во разговорите за влез на Француската развојна агенција со нови 50 милиони евра. Мора да креираме програми и ќе стимулираме развој. Мора полека да ја менува економската структура на оваа држава, рече Битиќи.

Слични содржини