Битиќи: Просечната плата зголемена за 16,5 отсто

Според Битиќи, „во нашата социјалдемократска визија, на постојаниот раст на платите гледаме како на еден од основните столбови на социјалната правда во државата.“

од Бети Божиноска
688 прегледи

Приоритетот на раст на платите кој го дадовме дава резултат, 23 месеци по ред имаме двоцифрен раст на просечно исплатената плата за околу 540.000 вработени , се пофали вечерва во пост на „Фејсбук“ вицепремиерот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Според податоците кои ги објави денес Државниот завод за статистика (ДСК), просечната плата во јануари годинава изнесува 39.542 денари , што е зголемување за 16,5 отсто споредено со јануари 2023 година, кога изнесуваше 33.943 денари.

„За дванаесет месеци бележиме раст од 5.599 денари.  Овој раст на просечната плата за јануари е чекор пред трошоците. Стапката на инфлација за овој месец изнесуваше 3,2% , што зборува за реален раст на платата и куповната моќ на граѓаните за 13,3 отсто,“ вели Битиќи.

Според Битиќи, „во нашата социјалдемократска визија, на постојаниот раст на платите гледаме како на еден од основните столбови на социјалната правда во државата. Затоа имаме понуда на економски политики кои создаваат услови за одржлив раст на платите и заштита на животниот стандард на граѓаните.“

Слични содржини