Битиќи се понуди: Можам да им помогнам на ЕВН Хоум во местењето на броилата за евтина дневна струја

од Nikola Popovski
547 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи негира дека евтина струја од 1-ви декември ќе добијат само 170.000 илјади домаќинства кои што имаат дигитални броила.

-Одлуката ја имаат добиено на 1-ви јули. Фактот дека РКЕ излезе со цени кои се аплицираат од првиот ден на месец јули до крајот на годината, тоа значи дека оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани да ги направат, кажа вицепремиерот.

За констатацијата на новинар дека теренската промена на броилата ќе биде од 1-ви декември, Битиќи се понуди да им помогне на ЕВН Хоум и ќе оди лично да ги сетира, ако тоа е проблемот.

-ЕВН Хоум е повикана на 1-ви декември да испорача евтина електрична енергија за сите. Како тоа ќе го направат, тоа е нивна надлежност и одговорност, рече Битиќи одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини