Битиќи: Секој денар потрошен за изградбата на коридорите ќе биде објавен на „Отворени финансии“, граѓаните ќе имаат увид

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Коридорите се нужни и требало да се изградат 20 години претходно, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатир Битиќи во гостувањето во ТВ21.

-Североисточниот регион во којшто поминува Коридорот 8, а го градиме од пред шест години е најсиромашниот дел во државата. А вториот најсиромашен регион е Полошкиот регион, додека трет е југозападниот регион кадешто исто така е предвидено да поминува коридорот. Со овој проект сакаме и економскиот развој да го поттикнеме, вели Битиќи.

Тој додаде дека од желбата да се почне што побргу за да се надокнади изгубеното време се прават грешки во објаснувањето на одредени работи.

-Договорот којшто е потпишан има една клаузула, којашто вели „приватност и доверивост“ и тоа го има секој еден договор којшто се потпишува меѓу било која Влада и било која меѓународна мултинационална компанија, каде одредени делови што задираат во техничко-технолошкиот процес на самата компанија, да мора да останат доверливи. Замислете ние за вчера најавената инвестиција на „Јагео“ од Тајван, којашто користи одреден технолошки процес, да ги обзнаниме бизнис планот и формулите за продуктите кои тие произведуваат. Па тогаш сите ќе почнат да ги произведуваат тие продукти, рече Битиќи.

Според него секој денар што ќе биде потпишан за ова автопатско решение, за разлика од другите автопатски решенија ќе биде обзнанет на „Отворени финансии“ и граѓаните ќе можат да видат колку пари се трошат. Тој кажа дека договорот треба да биде јавен освен делот за технолошките можности кои на компанијата и даваат уникатна предност пред другите компании.

Слични содржини