Битиќи: Следната влада предводена од СДСМ повторно ќе даде субвенции за струјата

од Nikola Popovski
426 прегледи

Не е точно дека Владата ќе ги укине субвенциите за струјата од 1-ви јули, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Како што истакна, има одлука за субвенционирање до 30-ти јуни, а следната влада, која што вели повторно ќе ја предводи СДСМ, е спремна да направи одлуки кои што се битни за граѓаните.

-Ако дојде друга Влада, прашајте ги нив, истакна Битиќи.

Цената на електричната енергија на регулираниот пазар во овој момент е субвенционирана со 84 отсто и субвенционирањето ќе продолжи до носењето на следната одука за цената.

Во 2022 година преку оваа мерка беа субвенционирани 4 379 домаќинства, а се исплатија вкупно 33 милиони денари, додека 2023 беа поддржани над 8 500 домаќинства.

Слични содржини