Битиќи: Трудовата и пазарната инспекција од задутре на терен, ќе се реагира на секое зголемување на цените надвор од пазарната логика

од Nikola Popovski
323 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска порача дека секое неетичко однесување на било кој трговец, ќе се казнува на најсериозен начин. Битиќи смета дека „лекцијата е добиена и дека во државата, освен правење на бизнис и креирање на приход, мора да има морал и етика кај компаниите“.

-Сметам дека замрзнувањето на цените не е една од мерките кои што соодветствуваат со пазарната економија. Треба да се вратиме во нормалните текови на живеење, секако останува кај бизнисмените соодветно да се однесуваат, кажа вицепремиерот, одговарајќи на новинарски прашања.

Битиќи очекува дека трудовата и пазарната инспекција од задутре ќе бидат на терен и соодветно да реагираат на, како што вели, секое зголемување на цени кое е надвор од пазарната логика.

Мерката гарантираните цени на производите од 1 март нема да продолжи. Министерството за економија нема да повлече нов потег затоа што министерот Крешник Бектеши очекува пратениците да го изгласаат Законот за спречување нефер трговски практики.

Законското решение со кое се става ред во нелојалната конкуренција во трговијата и се воведуваат фер практики помеѓу трговците и добавувачите во синџирот со земјоделски и прехранбени производи се очекува оваа недела да влезе во второ читање во Комисиите во Собранието.

Слични содржини