Битиќи тврди дека Мицкоски се „кити со туѓи перја“ со германско-белгиската инвестиција

од Nikola Popovski
70 прегледи

„Да, да: има разлика! Некој се „кити со туѓи перја“ и ја објавува инвестицијата на „EPSOTECH“ како своја (и тоа пред да се финализирани сите процедури), а некој чека(л) додека се изјаснат сите релевантни институции за да се потврди договорот за соработка“, објави пратеникот и поранешен вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи откако премиерот Христијан Мицкоски денеска најави нова германско-белгиска инвестиција во земјава.

Битиќи искажа „благодарност до ВМРО ДПМНЕ што ги потврдуваат и продолжуваат планираните инвестиции“, кои, како што потенцира, неговиот сега веќе поранешен кабинет професионално и прецизно ги сработил во изминатиот период.

Пратеникот смета дека е потребна работа, а не ПР за земјава да го доживее прогресот што го заслужува.

-П.С. Заедно со EPSOTECH има уште 6 други инвестиции за кои се изработени договори за поддршка и го чекаат последниот филтер во Комисијата за заштита на конкурентноста (а од принципиелни причини и изборниот процес не беа обзнанени), стои во објавата на екс-вицепремиерот.

Германската компанија „Епсотек“ во партнерство со белгиската „АИМ“ ќе инвестира во земјава во иградба на нов производствен погон, информира утрово на неговиот фејбук-профил премиерот Христијан Мицкоски, најавувајжи влез на нова германско-белгиска инвестиција во државата. По тој повод, денеска во Владата се одржува состанок со менаџментот и раководството на германската компанија.

Со градежни активности, како што напиша премиерот, се започнува на крајот на август годинава, а за една година, според него, се планира вработување на повеќе од 110 граѓани.

Слични содржини