Пратеникот и екс-вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи смета дека сегашните мерки кога се водат од популистички цели, мора да има таков вокабулар како критики. Ова се однесува на завчерашната одлука за замрзнување на маржите за десет отсто.
-Ние мерките ги носевме од економски причини. Во одреден момент, замрзнувањето на цените и фиксирањето на маржите беа чисти економски мерки, за разлика од она вчерашното кое што е во принцип е присилна мерка за примена на ВМРО-ДПМНЕ затоа што е доведена во ситуација на „мора да има“ и „панична реакција“ затоа што не им одат во прилог одредени состојби во стопанството, рече Битиќи во емисијата „Топ тема“.
Како што политичар, додава тој, за мене би било лицемерно да ја критикувам власта за нешто што знаеме дека во тој одреден момент ќе го направи, а после тоа кога ти ќе бидеш на власт, истото да го направиш и притоа да кажеш „принудени сме затоа што сме некој се однесувал погрешно“.
-Кога имате висока стапка на инфлација, морате да посегнете по непопуларни мерки за стопанството. Единствено меѓу ретките земји е Македонија во која имате ниска стапка на инфлација, зголемување на цени во малопродажба и севкупно десет пати повеќе од стапката на инфлација. Во моментов, имаме стапка на инфлација од 3% и имаме зголемување на цени над 30% и тоа е нелогично однесување на пазарот. Владата не може да остане нема и да каже чекај правиме анализа. Нема чекање, истакна Битиќи.
Во следните два дена се очекува Владата да донесе одлука за ограничување на маржата на основните прехранбени продукти.