Битиќи во „Мултипарк Изаири“: Дијаспората е охрабрена да инвестира во татковината, финансиски и партнерски ја помагаме

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на „Мултипарк Изаири”, во општина Боговиње, Тетовско, компанија која произведува бакарни жици кои во главно се користат во индустријата поврзана со енергетиката, основана од браќата Нухи и Неби Изаири, повратници од Германија.

Во неговиот говор вицепремиерот Битиќи рече дека овој ден е јасен показател дека како Влада, длабоко сме посветени на создавање стабилен економски амбиент преку ефикасни економски политики за кои сведочи и успехот на оваа компанија со која Владата партнерски соработува уште од нејзините почетоци.

„Поддршката на Владата, која преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите ја поддржува оваа компанија, е показател за успешните економски политики на земјата, и создава поволна клима за компаниите, стимулирајќи ги да влезат во нови инвестициски циклуси. „Мутлипарк Изаири” во 2021 година го потпиша договорот за инвестициска финансиска помош, а само за инвестицискиот циклус од таа година компанијата доби државна финансиска помош од 47 милиони денари која ќе продолжи до крајот на нивниот проект”, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи во неговиот говор пред присутните информираше дека „Мултипарк Изаири” е поддржана со мерките „Капитални и доходни инвестиции” како и преку мерката „Парамичен регионален развој”, но вреди да се истакне и финансиската поддршка што ја нудиме преку мерката „Враќање од дијаспора”, која за Владата е од посебно значење.

„За нас е важно да обезбедиме да сите региони имаат исти можности за раст и економски напредок. Во оваа насока, Владата презеде мерки за правичен регионален развој, а резултатите се видливи. Денес ветеното е исполнето, минатата година над 66 % од финансиската поддршка беше насочена кон еднаквиот регионален развој. Ова не е само бројка, туку доказ за нашата решеност да го промениме економската слика на нашата земја и да поттикнеме еднакви можности за сите наши граѓани”, рече Битиќи, кој во неговото обраќање посебен акцент стави на дијаспората.

„Не можеме да ја заборавиме дијаспората, која е длабоко поврзана со нашиот идентитет и историја. За нас дијаспората е голем извор на знаење и важен партнер во нашиот економски и културен развој. Затоа, горди сме што презентираме уште едно исполнето ветување, 15% финансиска помош претприемачите од дијаспората. Оваа помош е израз на нашата грижа и покана да ни се придружат во градењето на светла иднина за нашата земја”, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи рече дека „Мулипарк Изаири” ја симболизира визијата и заедничките напори на Владата, инвеститорите и граѓаните за изградба на одржлива и правична економија.

„Во оваа компанија не гледаме само успешна деловна иницијатива, туку и плодно поле за иновации, соработка и економски раст. Денес, ние сме горди на нашите заеднички достигнувања и на патот што го поминавме за да стигнеме овде. Но, ова е само почеток на долгото патување до успех и одржлив раст. Оваа компанија е конкретен пример за нашата посветеност да отвориме нови работни места, да го помогнеме економскиот развој и да ја зголемиме благосостојбата на нашите граѓани. Веруваме во нашиот потенцијал да создадеме поволна средина за бизнисите, обезбедувајќи ја потребната поддршка за зголемување на иновациите и конкурентноста на глобалниот пазар”, рече Битиќи во неговото обраќање и порача да работиме заедно за да го реализираме нашиот потенцијал, да ги зголемиме инвестициите, да отвориме нови работни места и да влијаеме на економскиот раст на нашата земја.

Слични содржини