Битиќи во посета на Германија на состаноци со менаџери на познати и глобално етаблирани компании

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски денес и утре ќе престојуваат во работна посета на Сојузна Република Германија, каде во Франкфурт ќе биде потпишан договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ”, за реализација на нова германска инвестиција во Северна Македонија.

Во рамките на посетата, вицепремиерот Битиќи и директорот Деспотовски ќе учествуваат на тркалезна маса со претставници на германски компании, на која ќе ги претстават условите и можностите за инвестирање во Северна Македонија и поволностите што се нудат во ТИРЗ.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Деспотовски ќе имаат и работни состаноци со менаџментот на неколку познати и глобално етаблирани германски компании.

Слични содржини