Битиќи за изјавата на Зеќири: „Беше дадена на два јазика – на македонски и на албански“

од Stefanija Kuzmanovska

Владата носи заклучоци, одлуки и задолженија. По предметот за „Македонски пошти“ и „Железници Транспорт“ Владата во април 2021 година имаше донесено заклучок со кој што го задолжува Генералниот секретаријат да ги спроведе сите законски постапки по однос на ангажирање на консултантски фирми за физибилити студии и таму завршува тоа што Владата го има направено, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи по посетата на фабриката „АТС АММО“ во Македонски Брод.

Никогаш во ниту еден заклучок или задолжение што ги носи Владата, нагласи Битиќи, не се укажува на постапката или начинот како треба да се спроведе.

Во однос на изјавата на поранешниот Генерален секретар на Влада Мухамед Зеќири, против кого вчера беше изречена првостепената неправосилна пресуда, дека при потпишувањето на договорите спроведувал „умисла на други“ посочувајќи го него, Битиќи рече дека не би сакал да ја коментира неговата изјава.

„Не би сакал да ја коментирам неговата изјава, затоа што беше дадена на два јазика, на македонски и на албански. На албански јазик не беше кажано така, беше кажано предлог“, истакна тој.

Слични содржини