Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување корупција го разледуваат случајот. Искрено тие би требале да се изјаснат. Јас не сум дел од нив, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во однос на опожареното возило на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Битиќи истакна дека освен тоа што тој го има пријавено во неговиот анкетен лист, не може да реферира за однесувањето на неговите колеги.
Откако дел од медиумите го поврзаа опожареното возило со вицепремиерот, Груби не демантираше дека приватно го користел возилото иако тоа се води на име на друго лице. На својот Фејсбук профил реагираше и самиот вицепремиер, кој им се извини на сите соседи „за големиот хаос“, како и на својот „пријател и неговото семејство, за нанесената штета, само поради неговата професија“.
Сметам дека заканите и последователните напади се манифестација на кукавичлук и предавство, но немам намера да престанам да работам и да ги исполнам очекувањата на граѓаните, напиша Груби.