Битиќи: За првпат во историјата, Скопје беше поделено вечерта на 28. ноември

од Nikola Popovski
111 прегледи

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера порача дека на денот на прославата на албанското знаме во Скопје се случиле неколку несекојдневни и неразбирливи работи. Една од работите, според него, е поделбата на главниот град вечерта на 28-ми ноември.

-Во поновата историја не паметам градот да биде поделен на два дела – десно и лево. Не им се дозволи на било кого од левата страна да премине на десната, па дури и тие што славеа и спонтано се собраа. Требаше да излезам и да кружам на различни страни за да стигнам до Влада. Мислам дека во суштина е последици на неколку работи. Не сакам да верувам во одредено сценарио, но вообичаено кога сакате да избегате од реалните проблеми, се случуваат меѓуетнички проблеми и конфликти. Веројатно како општество сме склони да внимаваме и се плашиме дека тоа може да наруши. Славењето на 28 ноември се случувало и порано и немало такви инциденти, кажа Битиќи во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини