Битиќи: Затворањето на родовиот јаз во вработувањата ќе го зголеми БДП-то за 20 отсто

од Nikola Popovski
223 прегледи

„Според податоците на Светска банка, во светот речиси 2,4 милијарди жени на работоспособна возраст сè уште ги немаат истите права како мажите. Според процените, затворањето на родовиот јаз во вработеноста може да го зголеми долгорочниот БДП по глава на жител за речиси 20% во просек низ земјите во светот“ пишува вицепремиерот Фатмир Битиќи во неговата колумна за Слободен печат.

Тој додава дека истражувањата проценуваат дека глобалните економски придобивки ќе бидат од 5.000 до 6.000 милијарди долари доколку жените почнат и развијат нови бизниси со иста стапка како и мажите.

„Светски реномираната консултантската фирма McKinsey@Company проценува дека компаниите кои имаат родово диверзифицирано менаџирање имаат за 21% поголема веројатност да остварат натпросечна профитабилност. Притоа се забележува дека компаниите со поголема застапеност на жените во раководните структури забележале 42% повисок принос на продажба и 66% повисок принос од вложениот капитал споредено со оние во кои доминираат само мажи“ истакнва Битиќи во неговиот текст.

Според вицепремиерот, родовата еднаквост во економската сфера не е само прашање на застапеност, туку и средство за постигнување подобри економски резултати.

„Овде може да се нагласи и една социјална димензија во која родовата еднаквост придонесува за подобри здравствени резултати, подобрено образование за децата, намалено насилство врз жените и за посилни врски во семејството и во заедницата“ пишува Битиќи.

Слични содржини