265
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи демантира дека е предвидено затворање на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.
Според него, постепено се прави транзицијата во енергетскиот сектор и заради војната во Украина роковите ќе бидат ревидирани.
Битиќи појасни дека веќе е поднесен документ усвоен на Влада до Европската енергетска заедница и не може само така да се повлече, но, потенцира, изговорот дека не сакаме тоа да го направиме за да ја помогнеме ликвидноста е само за да се нанесе штета.
Како што појасни, се предвидува еден блок на РЕК Битола да се трансформира од јаглен на гас како непосреден енергенс за одреден временски период.