Правдата, еднаквоста и слободата се првите жртви на политичките злоупотреби и корупцијата, затоа Владата во својата програма најавува дека ќе гради систем кој ќе одвраќа од злоупотреби и јасно ќе ја лоцира одговорноста.
-Корупцијата и политичките злоупотреби се најголеми непријатели на граѓаните и институциите. Го оштетуваат буџетот, ја рушат правната држава, ги слабеат институциите и ја загрозуваат демократијата, создавајќи недоверба меѓу граѓаните, се наведува во владината програма за периодот 2020-2024 година.
Од Владата посочуваат дека ќе ја водат битката преку широка и обврзувачка транспарентност, заштита на слободата на медиумите, институционална поддршка на силна и независна ДКСК и нулта толеранција при откриени злоупотреби.
-Целта ни е да градиме систем кој одвраќа од злоупотреби и јасно ја лоцира одговорноста. Ќе ги јакнеме граѓаните и институциите, а ќе ги намалуваме дискреционите права и моќта на политичарите и носителите на јавни овластувања, стои во програмата.
Граѓаните, како што се посочува, се особено чувствителни на злоупотребите на носителите на функции.
– Никој не смее да е над законот, а носителите на функции со свој пример тоа мора да го докажуваат. Ќе предложиме измени во Кривичниот законик со кои ќе се заостри казнената политика за дела типично врзани за носители на функции, стои во програмата.
Дополнително, како што најавуваат од Владата, ќе ги намалат привилегиите на јавните функционери, со цел да се спречи злоупотреба на функцијата за лични цели, намалување на буџетските трошоци и зголемување на ефикасноста во вршењето на функцијата.
Владата посочи дека ќе предложи законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во законодавна, извршна, локална и судска власт