Како што дознава локално. мк партиските преговарачи договориле Избирачкиот список да се пречистува со целосна теренска проверка и вкрстена споредба на базите на податоци , а ДИК ќе добие широки овлстувања подржани од силен стручен тим.
Управниот суд, кој ќе одлучува во втор степен, ќе биде под засилен мониторинг.
Она што останува проблематично е гласањето на дијаспората.
Партиите се оптимисти дека изборното прашање денеска може да се заокружи во работните групи, а во вторник да почне собраниската процедура. Медијаторот Ван Хауте не може да ги убеди партиските прегпварачи околу тоа дали иселениците да да имаат свои претставници во парламентот и како да ги бираат. ВМРО ДПМНЕпритиска да се бираат најмалку тројца пратеници, СДСМ бара цензус и изедначување на вредноста на гласот, а албанскиот блок партии се согласуваат на предвремените избори да не се организира гласање во странство.
