Кој ќе има мнозинство во Сенатот веројатно нема да се знае до јануари, кога ќе бидат познати резултатите во Џорџија, без оглед на тоа што Џо Бајден победи на претседателските избори, пренесува АП.
Демократите и републиканците досега не успеаја да освојат мнозинство, бидејќи според бројот на гласови досега, тие имаат по 48 сенаторски места, а за мнозинство се потребни 51.
Две места од Џорџија ќе бидат одредени на 5 јануари, а што се однесува до Алјаска и Северна Каролина, кои даваат по едно место, исходот сè уште не е познат.
„Ако ја освоиме Џорџија, ќе ја смениме Америка“, рече демократскиот лидер Чак Шумер на прославата на победата на Бајден во саботата вечерта.
Доколку демократите добијат мнозинство во Сенатот, со контрола на Претставничкиот дом и шефот на државата, тие ќе имаат апсолутна моќ во Вашингтон.
Бајден би можел да номинира кандидати, вклучително и оние за неговиот кабинет, и ќе има можност да ги спроведува своите закони преку Конгресот.
„Сенатот е последната линија на одбрана“, твитна Националниот републикански комитет на сенатори, откако Бајден беше прогласен за победник.
Републиканците работат на зачувување на мнозинството, но и да обезбедат две места во Алјаска и Северна Каролина, повторно ќе недостасува еден сенатор за мнозинство од 51.
Следната сцена од „битката“ меѓу републиканците и демократите најверојатно ќе биде избор на двајца сенатори од Џорџија, како што очекуваат повеќето експерти, додава АП.