Битката за Велика Британија: Шкотска остана непокорена против Англија

од Vladimir Zorba

Во големото островско дерби во второто коло од групата Д на ЕУРО 2020, Англија и Шкотска одиграа без голови на „Вембли“

Се мачеше со еден од фаворитите за титулата против големиот ривал. Во ниту еден момент Англичаните не изгледаа доминантно против Шкотска. Најдобрата шанса практично ја имаа по првото преминување на центарот, кога Џон Стоунс ја погоди стативата по корнер.

Од тој момент, тимот на Герет Саутгејт имаше претежно полушанси, но ги имаа и Шкотите, чија примарна преокупација беше да го бранат сопствениот гол, но далеку од тоа дека не се закануваа. И тие дури имаа неколку убави можности, а најдобар во второто полувреме беше Дајкс, чиј удар кој одеше кон голот го блокираше на гол-линијата Рис Џејмс.

„Гордиот Албион“ по овој натпревар има четири бода, додека Шкотите стигнаа до својот прв бод во шампионатот.

Претходно денес, Хрватска и Чешка го одиграа својот натпревар од 2.коло, дуелот заврши 1: 1.

Слични содржини