Биткоин, преку ноќ, падна за 1.000 долари

од desk2
95 прегледи

Криптовалутата биткоин падна под 7.000 долари, тргувајќи по цена која е за пет отсто пониска од вчерашната.

Околу пладне, биткоинот на луксембуршката берза Bitstamp падна на 6.800 долари, за нешто подоцна да се заздрави на 6.870 долари, пренесе Ројтерс.

Криптовалутата синоќа се искачи на 7.888 долари, откако беше откажана надградбата на софтверот планирана за следната недела со која биткоинот ќе се подели на две валути.

Со падот на биткоинот, клонираната верзија биткоин кеш доби на вредност, тргувајќи се по цена од околу 850 долари, што е скок за дури 35 отсто на дневно ниво.

Покрај овонеделниот пад од речиси седум проценти, биткоинот и понатаму оваа година зајакна за повеќе од 600 отсто, наведува британската агенција.