Биткоинот го собори рекордот

од Nikola Popovski

Биткоинот денес забележа рекордна вредност, надминувајќи го нивото од 65.000 долари, откако инвеститорите го прославија успешниот почеток на тргување со биткоин фјучерси на Вол Стрит.

Најголемата криптовалута во светот по пазарна капитализација порасна за повеќе од 2,0 проценти на 65.607,92 долари, надминувајќи го претходниот рекорд од 64.899 долари, што го постави во средината на април, пренесе CNBC.

Оптимистичките изјави на инвестицискиот ветеран и милијардер Пол Тудор Џонс го подигнаа расположението на пазарот и придонесоа за раст на вредноста на биткоинот.

„Биткоинот ќе биде одлична заштита. Криптовалутите ќе бидат одлична заштита … сосема е јасно дека тој (биткоин) во моментов води во натпреварот со златото … мислам дека и тој ќе биде добра заштита од инфлација. Во моментов го преферирам пред златото“, рече Џонс.

Тргувањето со биткоин фјучерси започна на берзата во Њујорк вчера, а главен играч беше „ProSears Bitcoin Strategy ETF“, која започна со тргување по цена од 40 американски долари по акција, под ознаката „BITO“ и го заврши денот со раст од 5,0 проценти.

Слични содржини