6
Само четири дена по постигнувањето на рекордот од 112 000 американски долари за еден биткоин, најпопуларната криптовалута продолжи да расте и денеска првпат ја надмина психолошката граница од 120 0900 долари. На тргувањата во Азија, рекордот изнесуваше 121 207,55 долари, по што падна на 121 015,42, но сепак остана над границата од 120 000 долари.
Според аналитичарите, причините за порастот на биткоинот, којшто поскапе за 29% од почетокот на годинава, се големата побарувачка од страна на институциите, желбите за заработка и поддршката од претседателот на САД, Доналд Трамп.