Биткоинот на двенеделен минимум, под 10.000 долари

од desk2
134 прегледи

Најпознатата светска дигитална валута, биткоин, продолжи и денес да ја губи вредноста, откако вчера го регистрираше најлошиот дневен пад во месецот.

На раното утринско тргување, биткоинот ослабе за 5,5 проценти, откако претходниот ден падна за дури 7,7 проценти, спуштајќи се под 10.000 американски долари за прв пат од 1 август.