Биткоинот руши рекорди – за прв пат вредноста скокна над 125.000 долари

Многу аналитичари од САД веруваат дека растот ќе продолжи и дека Биткоинот би можел да сруши нов рекорд и да ја надмине вредноста од 135.000 долари, особено ако политичката криза во Америка продолжи.

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: Принтскрин/Си-Ен-Би-Си Њуз

Вредноста на криптовалутата Биткоин ја надмина границата од 125.000 долари за прв пат во историјата за време на интензивното тргување на пазарите во Азија.

Во изминатите 24 часа, каде што вкупниот промет беше дури 50 милијарди долари, Биткоинот ја надмина границата од 125.000 долари за прв пат, само два и пол месеци откако неговата вредност достигна 120.000 долари.

Само во изминатата недела, вредноста на најпопуларната криптовалута се зголеми за дури 14 проценти.

Според CNBC, главната причина за растот на вредноста на Биткоинот е фактот дека се очекува криза во САД, поради затворањето на владата во отсуство на политички договор.

Инвеститорите го гледаат Биткоинот како стабилна основа за инвестирање и се свртуваат кон него во време кога се очекува криза.

Многу аналитичари од САД веруваат дека растот ќе продолжи и дека Биткоинот би можел да сруши нов рекорд и да ја надмине вредноста од 135.000 долари, особено ако политичката криза во Америка продолжи.