Биткоинот урива рекорди: Најпознатата криптовалута достигна ново високо ниво

од Vladimir Zorba

Најпознатата криптовалута биткоин достигна ново високо ниво и вреди 69.202 долари, надминувајќи ја претходната рекордна вредност од нешто помалку од 69.000, забележана во ноември 2021 година, објави Ројтерс.

Од почетокот на годината вредноста на биткоинот се зголеми за 50 отсто, а најголем раст е забележан во последните неколку недели, бидејќи се зголемија приливите во биткоин фондовите на берзата во САД.

Тргувањето со биткоин од редовните берзански сметки беше одобрено во Америка претходно оваа година, што го отвори патот за нови големи инвеститори и повторно го разгоре ентузијазмот и моментумот на оваа дигитална валута.

Нето-приливите во првите десет американски фондови за биткоин достигнаа 2,17 милијарди долари во неделата до 1 март.

Слични содржини