Битолчанец се удавил во Охридско Езеро, во струшкиот дел

од desk2
14 прегледи

Уште еден случај на давење во водите на Орхидското Езеро се случил вчера.

Во 12:55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од Битола.

Од страна на лекар била констатирана смрт, како последица на давење во вода.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а по наредба на Јавен обвинител по извршената обдукција телото е предадено на семејството.