Со новогодишна програма со ди – џеј, настап на пејачот Борче Наумовски, групата Боеми и новогодишниот џубокс со Бојан Стојков, Илина Чоревска, Викторија, Степановска – Јанкуловска, Марјан Ѓоргиевски и Маја Андоновска Илијевски, на плоштадот Магнолија, битолчани ја дочекаа Новата 2018 година.

Заедно со своите сограѓани славеше и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, која го предводеше големото оро на плоштадот. Таа испрати порака до сите граѓани, за убави и среќни денови во Новата 2018 година.