Битолчанка си нашла платежна картичка и со неа си плаќала сметки за струја

од desk2
87 прегледи

Полицијата поднесе кривична пријава против битолчанката која со туѓа картичка која претходно ја нашла си плаќала сопствени сметки за струја.


Д.К. (38) од Битола на 1 јуни 2017 година неовластено употребила платежна картичка сопственост на В.Ш. (41) од Битола.

Таа преку интернет ги внела податоците од картичката, која претходно ја нашла, и извршила плаќање на повеќе сметки за струја во висина од 9.185 денари.